АЈДЕ МАЈСТОРИ, НА РАБОТА...
Конкурс за нови кирилични фонтови
Ги повикуваме сите студенти на ликовната академија, дизајнерите, графичарите, академските сликари, хералдичарите и сите други кои веруваат дека кирилицата е убава и инспиративна, отмена и читка, дека може да биде и модерна – таква и да ја направат.
Распишуваме конкурс за изработка на нов кириличен фонт со знаците од македонската азбука. Фонтот треба да биде применлив со македонска кодна поддршка. Форматот на фонтот може да биде TTF или ОTF.
Наградниот конкурс за модернизација на постоечките и за креирање на нови оригинални фонтови трае до 05 јуни 2008 година. Резултатите ќе бидат објавени на ова место на веб-страницава на 10 јуни, а доделувањето на наградите ќе биде на завршната манифестација на кампањата на 10 јуни.
Пристигнатите предлози ќе ги разгледува стручна жири-комисија во состав: Ласко Џуровски (претседател), Љупчо Јакимоски и Марко Стојановиќ (членови)
Жири-комисијата на првопласираните три ќе им додели награди:
- награда – 1.000,00 евра
- награда – 750,00 евра
- награда – 500,00 евра
Исплатата на наградите се врши во денарска противвредност, според средниот курс на НБМ на денот на исплатата.
Наградените фонтови ќе бидат поставени на веб страната на кампањата од каде ќe бидат достапни за слободно користење.
Предлозите за Kонкурс (готовите фонтови) можете да ги испратите на нашата е-пошта - novfont@mojatakilirilica.com.mk.