МОЖЕ ПОДОБРО

Подарок

Верзија на тру тајп (TTF) фонт со
македонска кирилица за правилна употреба
на буквите, изработен од студиото Тотем.



Прашање

ЈА УБИВААТ ЛИ КОМПЈУТЕРИТЕ
МАКЕДОНСКАТА КИРИЛИЦА?




УПАТСТВО ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКА КОДНА ПОДДРШКА
Ова упатство на едноставен начин ќе Ви покаже како да го наместите Вашиот компјутер за да можете да користите македонска кирилична поддршка на оперативниот систем Windows XP.

Кирилицата е вградена во Windows и повеќето од стандардните фонтови содржат кирлични букви од македонската азбука.

Кликнете на START (во долниот лев агол на мониторот), а потоа од SETTINGS опцијата - изберете CONTROL PANEL.
Во CONTROL PANEL кликнете двапати на иконата REGIONAL AND LOCAL SETTINGS.

Во REGIONAL AND LOCAL SETTINGS (регионални и локални опции) изберете го опцијата LANGUAGES (јазици), а потоа кликнете на DETAILS.
Во прозорецот TEXT SERVICES AND INPUT LANGUAGES можете да додадете многу други јазици меѓу кои и МАКЕДОНСКИ.

Kликнете на копчето ADD за да додадете МАКЕДОНСКИ.
Во INPUT LANGUAGE изберете МАКЕДОНСКИ, а потоа кликнете на копчето ОК.

На овој начин можете да додадете и други јазици.
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК сега е додаден во листата на поддржани јазици.

За да го промените начинот за префрлање од АНГЛИСКА на МАКЕДОНСКА кодна поддршка кликнете на копчето KEY SETTINGS и во новоотворениот прозорец кликнете YES.
Во прозорецот KEY SETTINGS не менувајте ништо, кликнете на копчето CHANGE KEY SEQUENCE.
Во прозорецот CHANGE KEY SETTINGS подесете LEFT ALT + SHIFT како на сликата, потоа кликајте на копчето OK во сите прозорци и затворете го CONTROL PANEL.

Рестартирајте го компјутерот.
По активирањето на јазичната поддршка на таскбарот до часовникот се појавува индикација EN, што значи дека компјутерот во моментот работи во АНГЛИСКА јазична поддршка.

За да ја промените јазичната поддршка отворете ја индикацијата и маркирајте ја опцијата Macedonian.

Друг, пократок пат за промена на кодната поддршка е со притискање на ALT+SHIFT од левата страна на тастатурата.