КИРИЛИЦАТА - НАШЕТО ПРВО ПИСМО, НАШАТА ПРВА ЉУБОВ

Македонска азбука

Современата македонска азбука (како и секоја друга словенска кирилична азбука) заснована е врз темелите на глаголицата на Св. Кирил и Методиј.

Историска позадина

Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал официјален јазик на Македонија во 1944 година.

Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури по Втората светска војна во 1945 година, кога е издаден и првиот правопис.

Азбуката

Гласовниот систем на македонскиот литературен јазик се состои од 31 (триесет и еден) глас и во азбуката за секој еден од тие гласови постои посебен знак (буква). Во продолжение се прикажани сите букви во нивната печатна форма, прво големата, а потоа малата варијанта на секоја буква:

А а , Б б , В в , Г г , Д д , Ѓ ѓ , Е е , Ж ж ,

З з , S ѕ , И и , Ј ј , К к , Л л , Љ љ , М м ,

Н н , Њ њ , О о , П п , Р р , С с , Т т , Ќ ќ ,

У у , Ф ф , Х х , Ц ц , Ч ч , Џ џ , Ш ш

Македонското ракописно писмо е поинакво и е поразлично од македонското печатно писмо. На долната слика се илустрирани сите букви од ракописното писмо, прво малата, а потоа големата варијанта на секоја буква.


Уникатни букви

Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми, односно букви (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19-тиот век. Во своето дело „За македонцките работи“, јазичарот Крсте Петков Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите ѓ и ќ. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.

Денес, буквата Ѕ е единствена во македонскиот јазик, но мора да се напомене дека таа е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.

Македонското писмо се разликува од другите писма и со употребата на надредниот знак (  ̀ ). Тој се става над буквите е, и и и ваквите знаци не се сметаат за посебни букви, ниту за акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви е, и и кои се акцентираат во случаи кога исти зборовиж стојат еден до друг, а имаат различно значење, заради нивно разликување.



Глаголицата

Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејските и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.
Друга теорија (Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за христијански текстови на старословенски јазик.
Еве како изгледала ГЛАГОЛИЦАТА

Приказ на употребата на различните видови писма по држави и територии во светот

Поиграј си

Меморија Бесилка Боенка